Берлускони и Драги во битка за претседател на Италија

Palazzo del Quirinale, Roma, 25 novembre 2021. ANSA/ALESSANDRO DI MEO

Италијанскиот парламент во понеделникот ќе го започне изборот на новиот претседател на земјата во гласање за коешто коментаторите валат дека може да наликува на играта „музички столчиња“, а актуелниот премиер Марио Драги и поранешниот Силвио Берлускони најчесто се споменуваат како главни кандидати.

И додека преговорите во кулоарите се вжештуваат од седмица во седмица, милијардерот Силвио Берлускони предводи жестока кампања на шармирање неизбегнувајќи и да се пофали со она што други политичари би се срамеле, неговите раскалашани „бунга бунга“ забави. Поранешниот сега 85-годишен премиер веќе долг период тежнее политичката кариера да ја круниса со претседателската должност, но повеќето коментатори не веруваат дека ќе собере доволно гласови.

Општо познато е дека исходот од тајното гласање за седумгодишната должност претседател на Италијанската Република тешко може да се предвиди.

Иако станува збор за главно церемонијална должност, претседателот на Италија има значителни овластувања во време на политичките кризи, од распуштање на парламентот до изборот на нов премиер и одбивање мандат за кревките коалиции. А на Италија повеќе од кога и да е ѝ е потребна стабилна личност, бидејќи разнородните партии во коалициската влада на бирократскиот премиер Марио Драги веќе се препираат поради изборите следната година и можниот хаос, лесно би можеле да го загрозат користењето на драгоцените пари од европскиот фонд за закрепнување.

„Ова се клучните и многу сложени избори, бидејќи сите политички партии се слаби и крајно раситнети“, вели Џовани Орсина, директор на факултетот за јавни политики и управување „Luiss School of Government“ во Рим.

 

Како земјотрес

Најтиражниот италијански дневен весник милански Corriere della Sera предупреди во четвртокот дека гласањето би можело да ја „затресе владата како земјотрес“, бидејќи Италија се справува со новиот бран на коронавирусот што го загрозува заздравувањето од рецесијата предизвикана од целосните епидемиолошките „затворања“ од 2020 година.

Во понеделникот започнуваат да гласаат повеќе од илјада сенатори, пратеници и претставници на регионите, а кандидатите мора да обезбедат две третини од гласовите во првите три круга или потоа апсолутно мнозинство. Поради мерката за одржување физичко растојание, секој круг ќе трае еден ден, а официјални кандидати засега нема.

Поранешниот челник на Европската централна банка (ECB), 74-годишниот Марио Драги, навести дека е заинтересиран, но ако успее да влезе во резиденцијата во римскиот дворец Квиринале, некогашно папско седиште, ќе мора да ја напушти владата, и тоа во многу чувствителен момент за земјата.

Драги, кого во февраури 2021 година за премеирската должност го избра сегашниот 80-годишен претседател Серџо Матарела, оствари добра работа собирајќи влада во која се застапени речиси сите италијански политички партии и поттикна постпандемиски раст. Го надгледуваше спроведување на клучните реформи за користење на европските пари за закрепнување од пандемијата, а токму Италија е најголемиот корисник на овие средства од речиси 200 милијарди евра.

Меѓутоа, повеќето италијански политички коментатори сметаат дека на Драги подобро би му одговарала претседателската должнсот, бидејќи би обезбедил политичка стабилност и добри односи со Брисел, во прв ред доколку крајната деснмциа победи на следните парламентарни избори. Притоа воопшто не е извесно дека Драги би можел да ги продолжи реформите како премиер, а таа дожност би можел да ја загуни на изборите во 2023 година.

„Ова е предизборна година. Дури и доколку Драги остане премиер, вистина дека ќе му биде тешко да ја контролира политичката ситуација и ништо нема да биде направено по летните одмори“, вели Орсина.

Постои и можноста за договор најстариот министер во владата, 71-годишниот Ренато Брунета ја преземе премиерската должност, а челниците на водечките италијански партии да ги преземат челните места во министерствата до изборите следната година.

Доколку Драги остане премиер, има многу други имиња во групата којашто би можела да го даде шефот на државата, а меѓу нив се и комесарот на Европската комисија и поранешен премиер 67-годишниот Паоло Џентилони Силвери, поранешниот премиер социјалистот 83-годишниот Џулијано Амато и 58-годишната поранешна министерка за правосудство Марта Картабиа, која би можела да стане првата жена на чело на Италијанската Република.