Берлускони: Отсуството на западните лидери на прославата во Москва е кусоглед на нивната политика

Отсуството на западните лидери на прославата на 70-годишнината од победата во Втората светска војна покажува кусогледост на западната политика, изјави во отворено писмо лидерот на политичката партија Форца Италија и поранешен премиер Силвио Берлускони, објави МИА.

– Подиумот на Црвениот плоштад, каде лидерите на Кина, Индија и останатите азиски држави застанаа рамо до рамо со рускиот претседател сведочи за пропустот на западната политика, а не за руска изолација. Сметам дека празните места, повеќе зборуваа за нашиот пораз, отколку за нашата сила – истакнува Берлускони во писмото, објавено од весникот „Коријере дела сера“.

Берлускони нагласи дека е невозможно да се пронајде решение на украинската криза без учество на Русија во тој процес, односно дека решението не е во антуруска политика. Тој, исто така, истакна дека италијанската и европска економија платиле висока цена поради политиката санкции, а не дале никакви резултати.