На поранешниот, во четири наврати, италијански премиер и актуелен сенатор, 86-годишниот Силвио Берлускони му е дијагностицирана леукемија, изјавил во четвртокот добро упатен извор потврдувајќи претходните извештаи на миланскиот дневен весник Corriere della Sera.
Берлускони од средата е грижен на одделот за интензивна нега во кардиолошката единици во миланската болница „San Raffaele“ откако имал проблеми со белите дробови и дишењето.
Претходниот пат Берлускони минатата седмица мина неколку дена во миланската болница на лекарски прегледи. Периодично Берлускони, кој пред неколку години беше подложен на тешка операција на срцето, е подвргнуван на детални медицински прегледи. Во септември 2020 година, исто така, прележа тешка форма на ковид.
Берлускони ја предводи партијата Напред Италија. Таа сега е дел од владејачката коалиција.