Сенаторот Берни Сандерс, истакната фигура на американското крајно лево крило во Демократската партија, во саботата го повика Џо Бајден да остане претседателски кандидат на партијата и покрај силниот притисок врз претседателот да се повлече поради сомневањата за неговото ментално здравје.
„Доста е! Господинот Бајден можеби не е идеалниот кандидат, но тој ќе биде кандидат и мора да биде кандидат. И со ефикасна кампања која им се обраќа на работничките семејства за нивите потреби, тој не само што ќе го победи господинот Трамп, туку ќе го стори тоа голема разлика“, пишува левичарскиот сенатор во својата колумна во The New York Times повикувајќи ги демократите „да престанат да се караат и препукуваат“.
Од катастрофалната телевизиска дебата на 27-ми јуни против 78-годишниот републикански кандидат Доналд Трамп, 81-годишниот Џо Бајден беше бомбардиран со жестоки критики во однос на неговото физичко и ментално здравје. Дваесетина парламентарци од неговата Демократска партија досега јавно го повикува да се повлече од кампањата.
Меѓутоа, Бајден во петокот во сојузната држава Мичиген повторно уверуваше дека тој навистина ќе биде кандидат. „Јас сум кандидатот и ќе победиме“, рече Бајден пред приврзаниците во Детроит.
Анкетите во мејнстрим медиумите во САД, кои отворено објавија дека се против Трамп, по телевизиското соочување покажуваат дека катастрофалниот настап на Џо Бајден, иако предизвика загриженост кај Американците за неговата способност евентуално да управува со суперсилата до крајот на вториот мандат, наводно не ги поместил многу изборните линии.
Сепак, се чини дека многумина даваат извесна предност на републиканецот Трамп за изборите на 5-ти ноември. Највознемирувачки тренд за демократот останува неговото постојано заостанување во анкетите во одредени такнаречени „колебливи“ (неодлучени) држави каде што исходот е најчесто решавачки за севкупниот резултат на изборите.
Берни Сандерс, противкандидатот на Џо Бајден на прелиминарните избори на Демократската партија за изборите во 2020 година, му ја изразува својата поддршка во саботата, велејќи дека ќе стори „сѐ што е во неговата моќ за да биде реизбран претседателот Бајден“.
„Да. Го знам тоа: господинот Бајден е стар, навикна на гафови, има вкочанет од и имаше катастрофална дебата против господин Трамп. Но, го знам и ова: претседателските избори не се забавни натпревари. Тие ниту почнуваатм ниту завршуваат со 90-минутна дебата“, наведува Сандерс.
Сега 82-годишниот сенатор, исто така, ги зема како пример неодамнешните парламентарни избори во Франција.
„Време е да го научиме урокот од прогресивните и центристички сили во Франција кои, и покрај нивните длабоки политички разлики, се обединија оваа седмица директно да го поразат екстремизмот на десницата“, заклучува Сандерс.