Беровец паднал од кров на куќа на која работел, вчера во Беровско, инфорираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 12.25 часот во село Русиново.
Тогаш Ј.М.(65) од Берово работел на кровот од куќа сопственост на Ј.Ч., кога му се слошило и паднал во безсознание. При тоа почнал да се лизга по керамидите и паднал на предната хауба од џип „Уаз“.
Тој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Здравствен дом Берово од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.