Берово најстудено со -16 степени

берово

Нови врнежи од снег нема, а формираната снежна покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и Крива Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Ѓуриште, Тополчани, Берово и 22 во Маврово.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темература ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со  слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во северозападниот дел од земјава ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од -8 до 0, а преку денот највосоката температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, на повеќето места ќе се спуташтат и под -8 степени. Дневните температри  ќе бидат во  благ пораст. Во западните делови на Македонија ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд,а снег само на повисоките планини.