Берзанските индекси на Волстрит речиси непроменети

На њујоршки Волстрит се тргуваше мирно во четвртокот бидејќи немаше вести кои би ко поттикнале расположенито на инвеститорите, при што индексот Dow Jones е малку повисок, а S&P 500 малку понизок.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,07 отсто, на 43.325 поени, додека S&P 500 ослабе за 0,04 отсто, на 6.037 поени, а индексот Nasdaq за 0,05 отсто, на 20.020 поени.

Во првиот работен ден по божикните празници немаше вести кои би можеле да влијаат на пазарот, па индексите останаа речиси непроменети во однос на денот пред божиќните празници кога пораснаа.

Кон крајот на годината вообичаено нема значајни вести, а движењата на пазарот најмногу зависат од „дотерувањето“ на портфолијата, бидејќи инвеститорите ги купуваат оние акции што пораснале најмногу во текот на годината.

Историските податоци покажуваат дека од 1969 година, индексот S&P 500 пораснал во просек за 1,3 отсто во последните пет работни дена од годината и првите два работни дена од новата година, период популарно познат како „Подемот на Дедо Мраз“.

Од почетокот на оваа година, индексот Dow Jones порасна за повеќе од 13 отсто, S&P 500 за повеќе од 25 отсто, а индексот Nasdaq за повеќе од 30 отсто.

Ваквиот силен раст е благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, намалувањето на каматните стапки на американската централна банка и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи се очекува тој да придонесе за растот на економијата со своите политики и да спроведе дерегулација. во неколку области.