
Секретарот на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку објава на својот фејсбук-профил повика на одржување предвремени парламентарни избори, откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата.
Посочува дека „Владата е делегитимирана“ и оти „ден поскоро треба да се одржат парламентарни избори“.
„Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот… нè оглувија со празни пароли, а всушност се си прават за да ја одбранат власта и да одолговлекуваат до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден поскоро, инаку овие можат само да не одведат во бездна“, напиша Азизи.