Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига Беса стигна до нов лесен триумф откако денеска беше подобра од Вардар Неготино со 4-1. Стрелци на головите за Беса беа Емини на двапати, Алими и Есати.
Триумф славеше и прилепска Победа која со 2-0 беше подобра од Детонит јуниор, додека Тетекс и Караорман одиграа 1-1. Реми без голови одиграа Пелистер и Скопје 0-0.
ВТОРА ЛИГА 8. КОЛО:
БАШКИМИ – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 2-0 БЕЛАСИЦА – НОВАЦИ 3-1 БЕСА – ВАРДАР НЕГОТИНО 4-1 ОХРИД – АРСИМИ 1-0 ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 0-0 ПОБЕДА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0 ТЕТЕКС – КАРАОРМАН 1-1 ВЧЕРА: ОСОГОВО – КАМЕНИЦА – САСА 1-1