![197765](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/197765.jpg?resize=300%2C225&ssl=1)
Беса на Билал Касами ги прекинува преговорите за влез во Владата.
По расколот во Беса од петте пратеници што ги имаше партијата во Собрание, со Билал Касами останаа двајца.
За прекинот на преговорите со Заев, од Беса во јавноста попладнево се огласија и со соопштение.
„Тргнувајќи од фактот дека процесот на зголемување на парламентарното мнозинство Движењето Беса не го сфати како технички процес само за обезбедување на бројки во Собранието, туку како квалитативен процес со кој преку присуството на Движењето Беса ќе се видеше и разликата во менаџирањето во владата. Но изгледа овој коректен пристап на Движењето Беса не го сфатил премиерот Заев кој за жал преку опцијата за „купување„ време се обидува политички да ги ослаби сите страни што се вклучени во преговорите за влез во владата“, пишува во соопштението.
Бидеќи овој процес на преговори трае повеќе од четири месеци без некој конкретен епилог, од Беса наведуваат дека сметаат оти се поминати сите временски лимити, и несакајќи Движењето Беса да биде заложник на техничите калкулации на парламентарното мнозинство, од денеска ги прекинуваат сите разговори со премиерот на државата во делот на вклучување на Движењето Беса во Владата.
„Ние сметавме дека како што поминува времето, владеењето на Заев ќе почне да се ослободува од ДУИ како дел од поранешниот режим на Никола Груевски, но за жал гледајќи ги субјектите кој секојдневно се приклучуват на преговорите за ширење на парламентарното мнозинство, сега не само ДУИ туку и други кои биле дел од режимот на Груевски, вклучувајќи ги и оние што се директни актери за немилите настани на 27 април минатат година, се гледа како пуштат длабоки корени во ова влада што полека го губи и епитетот на реформска влада“, додаваат од Беса.
Оттаму велат дека ќе продолжат да бидат конструктивна опозиција која ќе го крева гласот за секоја политичка грешка на владата, но истовремено ќе иницира и подржува секаква реформа што ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, демократизација на државата, владеење на правото, правото на слобода на говор и интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.