БЕСА нема да биде дел од владата на Заев

Од партијата во петокот потврдија дека нема да отстапат од петте принципи-во власта да нема луѓе за кои Специјалното јавно обвинителство има подигнато обвиненија, рокови до кои би се отвориле некои теми или, пак, би се донесле некои закони, како на пример за јазиците, балансирано владеење и отворање на темата за редефинирање на државата.

„Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор.“ – соопштија од СДСМ.

Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја.