СДСМ и БЕСА вчера формираа предизборна коалиција, и заеднички ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.
Движењето БЕСА преку својот претставник Амир Елези пред три години му порача на Зоран Заев дека редефинирањето на Македонија е услов партијата да влезе во коалиција со СДСМ.
-Политичкиот момент е дека ние сѐ уште немаме мандатар. Да почекаме претседателот на државата да му го додели мандатот на претседателот на СДСМ. Тогаш нека дојдат со понуда за БЕСА, барем како што велат дека сакаат да нѐ имаат во Влада, тогаш ние ќе одлучиме што е подобро за Албанците во Македонија. Ние ќе имаме внатрешна дебата со членството, но сигурно дека одлуката ќе биде донесена во највисоките инстанци, а тоа е централното претседателство. Движењето БЕСА постојано, имајќи ја предвид единствената цел која е да се промени и реформира системот тука. Но, што имаме ние како услови? Да, го имаме редифинирањето – изјави тогаш Елези.
Тој тогаш додаде дека исто така го имаат и тоа дека тие не го делат криминалот врз етничка основа.
-Ние велиме не на инкриминираните претставници на ДУИ кои се прават како да се реформатори. Ние велиме да, договорот треба да биде транспарентен за публиката и јавноста и дореден со рок, како и тоа што е најважно можеби, најкоренитата промена за Албанците во Македонија, редефинирањето -повторува Елези.