Бесим Красниќи е екстрадиран во Македонија

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Македонија на Бесим Красниќи (44).

Тој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Лицето е спроведено во КПУ Идризово.

Инаку, на почетокот на мај Основниот суд во Урошевац му изрече 40 дена притвор на Бесим Красниќи, врз основа на меѓународна потерница и сомневање дека во Македонија подготвувал тероризам и разбојништво. Заедно со него на 3 мај се уапсени уште тројцата бегалци Агим Красниќи, Фадим Тоља и Сехат Рамадани.  За нив судот во Урошевац им одреди 48 часовен притвор. 

Во Косово беа уапсени за учество во тепачка уште три лица, а неговиот брат, Агим Красниќи, и за убиство во обид, насилство кое се случило во октомври минатата година во кафеана во Урошевац.

Интерпол со меѓународни потерници ги бараше сите четворица. Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор.

Бесим Красниќи се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.