Бесими: Енергетската криза ќе продолжи со забавен раст

Очекувањата и проекциите за глобалниот економски раст, посебно во земјите од ЕУ и земјите во Европа, се дека ефектот на енергетската криза и цените ќе продолжат и во наредната година, со забавена динамика на раст. Тоа е резултат на сите овие неизвености, како резултат на руската агресија во Украина и одразот што го има на пазарот на природен гас и пазарот на електрична енергија и енергенсите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими околу прогнозите на економскиот и енергетскиот план за наредната година.

Тој потенцира дека мораме да се спремиме за период каде што треба да се заштеди.

-Да не создаваме нереални очекувања или да живееме во состојба дека се е во ред или дека се брзо ќе помине. Прво, нема да помине брзо и второ, ефектите од таквата криза ќе се почувствуваат, истакна Бесими во емисијата „24 анализа“.