
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими ќе оствари дво-дневна работна посета на Брисел.
Како што соопштуваат од Кабинетот на заменик претседателот во рамки на посетата , во текот на утрешниот ден, предвидено е поединечно да се сретне со комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, генералниот директор на Директоратот за проширување на Е.К. Кристијан Даниелсон, директорот за Западен Балкан, во Генералниот Директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕК, Жан Ерик Паке и со европарламентарците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.
На состаноците ќе се разговара за процесот на европска интеграција на Република Македонија и актуелните политички предизвици со кои сме соочени.