Беснееше силно невреме: Србија синоќа ја погодиле над 15.000 молњи

Силно невреме со град ги погоди синоќа Банат, Белград и западна Србија. Над 15.000 громови ја погодиле Србија минатата ноќ.

Чачак, инаку, го држи и рекордот на Србија – во јули 2014 година за два часа биле забележани дури 2.670 громови.

Невреме со град синоќа имало во Ивањица, Чачак, Љиг, Кикинда и Белград, а најмногу дожд наврнало во Зрењанин – 35 литри на метар квадратен за неколку часа, во Кикинда 20 литри дожд за еден час и во Нови Сад 14 литри.