Стратешките бомбардери од шестата генерација, кои ќе бидат без екипаж, руските вооружени сили може да ги добијат кон 2040 година, изјави командантот на авијацијата за долги летови на воздухопловните сили на Русија, генерал-полковникот Сергеј Кобилаш во интервју за весникот Московский комсомолец.
„Се очекува дека до 2040 година ќе биде создаден стратешкиот бомбардер од шестата генерација, кој веќе ќе биде беспилотен“, вели офицерот.
Кобилаш, исто така, вели дека натамошниот развој на руската авијација за долги прелети се изведува не само преку модернизацијата на бомбардерите од типовите „Ту-160“, „Ту-95МС“, „Ту-22МЗ“ со продолжување на векот на нивното траење, туку и преку создавање перспективен авијациски комплекс за авијацијата за долги прелети од петтата генерација.
Односно стратешките бомбардери кои се оспособени за носење проектили и со нуклеарни боеви глави. Според весникот, на пример, модернизираниот „Ту-160М“, покрај новите крстосувачки ракети „Х-101“ и „Х-102“, ќе биде опремен и со хиперсоничниот проектил „Кинџал“. Покрај тоа, поради новиот комјутерски систем кој ќе биде инсталиран на авионот, дури и ненаведуваните бомби ќе може да се корситат како прецизно оружје.
Според генералот Кобилаш, „новиот авион ќе биде субсоничен“ и „ќе може да ги извршува сите задачи на авијацијата за долг прелет“.