Бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила на веб-страницата на Службен весни

Граѓаните ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

– ЈП Службен весник на РСМ ја информира јавноста дека за време на траењето на вонредната состојба, преку својата веб-страница ќе овозможува бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ , се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.