
Патниците на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска можат да користат бесплатен интернет, како заеднички проект меѓу аеродромскиот оператор ТАВ Македонија и „Македонски Телеком“.
Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во вип-салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име „Телеком ХотСпот“.
На скопскиот аеродром и досега имаше бесплатен безжичен интернет кој беше ограничен на одредени локации и со одреден временски интервал.
Интернетот на „Александар Велики“ обезбеден од Македонски Телеком е придружен со корисничка заштита, што значи дека секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.