Во сабота два часа бесплатен влез во Зоолошката во Скопје

Во сабота бесплатен влез во Зоолошката во Скопје. По повод „Бела Ноќ“, на 03.10.2015, во сабота во периодот од 17:00 до 19:00 часот влезот за посетителите во Градината ќе биде бесплатен.

Истиот ден од 17:00 до 18:00 часот во Мултинаменскиот едукативен центар на Градината ќе се одржи едукативна сесија на тема „Змиите, нашите тивки соседи“.

Сесијата ќе ги опфати следниве точки: змиите наши соседи (колку видови на змии имаме во непосредна близина на Скопје), како нашите најмлади гледаат на змиите, кога змиите се најстрашни или кога најногу се плашиме од змиите, постои ли град на змиите и каде е?

Целата сесија ќе биде адаптирана пред се за младите посетители (од 08 до 14 години) но сепак ќе содржи и информации кои можат да бидат корисни и на возрасните.

Преку мултимедијална презентација (видео и аудио) во траење на 1 час посетителите ќе можат да добијат забавно едукативна програма за овие озлогласени животни.

Наредниот ден, односно во недела, во 15:00 часот во организација на Истражувачко дрштво Урсус Спелеос Скопје и Македонско Еколошко Друштво во Едукативниот центар на Градината ќе се одржи интерактивна едукативна работилница на тема „Во светот на пештерите“.

zooloshka-peshteri

Посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата. Работилницата е адаптирана за деца од 5-то до 9-то одделение. Заинтересираните може да е пријават на тел.078/409 005.