Компанијата за снабдување со електрична енергија ЕДС ги повикува сите компании да испратат податоци за да им се изготви бесплатна анализа за тоа колку ќе заштедат со либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
„Ги повикуваме сите компании да ја посетат нашата интернет страница www.eds.mk или да се јават на телефонскиот број на компанијата за да им изготвиме бесплатна анализа за тоа колку ќе заштедат со либерализацијата на електрична енергија. Ги повикуваме и да побараат понуди и од другите компании кои досега освен со декларативни изјави дека имаат ниски цени не излегуваат со конкретни понуди како ЕДС. Причината за тоа е едноставна, само ЕДС со најголема балансна група на пазарот на електрична енергија може да понуди најдобри услови. Нашите клиенти имаат загарантирана цена за времетраењето на договорот, што е во просек 40% пониска од сегашната“, велат од компанијата.
Компаниите треба до 15 ноември да го направат изборот за снабдувач со електрична енергија, во спротивно ќе бидат снабдувани во краен случај односно ќе плаќаат за струја повеќе од сегашната цена. Со менување на снабдувачот, компаниите не треба да менуваат ништо, односно нема потреба од никакво техничко и кадровско прилагодување.
Броилата, каблите и приклучоците остануваат исти. Без никакви дополнителни трошоци ЕДС ќе ги сервисира сите потребни елементи за менување на снабдувачот. Од 1 јануари следната година сите ќе добиваат фактура истакната во две одделни сметки. Едната ќе се однесува на мрежарината и се плаќа директно на операторот на мрежата. Втората сметка е за потрошената електрична енергија и е издадена од снабдувачот, каде влегува и пазарнината кон МЕПСО.
ЕДС е единствена македонска компанија којашто има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, лиценцирани брокери на берза за електрична енергија, директно снабдување на струја без посредник и најголема балансна група на пазарот. Дури 64% од енергијата за македонската индустрија ја обезбедува токму ЕДС. Референтната листа на компании што склучиле договор со ЕДС, достапна на интернет страницата, најдобро зборува за поволностите од компанијата. Тоа ја прави ЕДС единствена и по најдобрата понуда што ја има кон компаниите.