Во селата Кучково и Орман лекарски екипи од Поликлиниката „Ѓорче Петров“ денеска од 8:30 до 10:30 ќе вршат бесплатни прегледи, во рамките на проектот „Рурален доктор“ на Министерството за здравство во соработка со Општина Ѓорче Петров.
Покрај прегледите, граѓаните ќе добијат и совети за здравјето, исхраната, како и превенција од болести од страна на стручниот медицински тим.
Целта на проектот е да се обезбеди здравствена грижа и поголема достапност на лекарските служби кадешто нема лекар, а е значајно бидејќи во овие подрачја живее постаро население, кое има потреба од здравствени услуги.
Извор: МИА