Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес го посети бесплатниот интернет клуб во Неготино, каде се запозна со неговата работа. Тој најави неколку бесплатни обуки за граѓаните за користење на постојните електронски услуги кои ги нудат владините институции.
Ивановски оствари средба и со градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, при што се запозна со тековните активности кои се преземаат на полето на локалната самоуправа.
Инаку, во Република Македонија функционираат 22 бесплатни интернет клубови, кои се отворени во поголемите градови во земјата. Во нив се вработени информатичари со понапредни познавања од областа на информатиката, со што се подготвени стручно да ги извршуваат секојдневните обврски од работата.