![ginekologija-1200x545_c](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/ginekologija-1200x545_c.jpg?resize=696%2C316&ssl=1)
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод 18 Октомври – Светскиот ден на менопаузата, ќе се спроведе недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.
„Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања“, терапија и слично, соопштија од ГАК.
Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби.
Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените. Годинава, фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).