Бето пехарот го посвети на мајката и на синот

Херојот во финалниот натпревар, голамот на шпанскиот прволигаш Севилја, Бето, видно возбуден по освојувањето на победничкиот пехар изјави дека големиот успех на европската сцена и го посветува на својата мајка и на својот син.

„Ова е трофеј за мојот татко, кој сигурно би бил многу горд на мене. Но, тој е тука со мене, со секоја моја одбрана. Исто така, го посветувам пехарот и на мојата мајка и на мојот син. Не можев да посакам поубав крај на едно големо финале. Заслугите не се само мои, туку на целиот тим, одигравме еден тежок натпревар, неверојатно исцрпувачки и добро е што зачувавме дел од силите и за изведувањето на пеналите. Успеав да одбранам два пенали, но подеднакво важно беше и тоа што соиграчите беа максимално прецизни“, изјави голманот на Севилја.