Викторија Бекам проговори за болката која ја доживеала кога почнале јавните излагања за тоа дека сопругот Дејвид Бекам ја изневерил со Ребека Лос.
Пред 20 години во светската јавност одекна веста дека Дејвид Бекам станал близок со својата асистентка, Ребека Лос, додека играше за Реал Мадрид во Шпанија. Викторија открива дека следните месеци ѝ биле најтешките во животот и дека се чувствувала како да е сама на светот.
Од друга страна, Бекам раскажа дека ни денес не е свесен како тие двајца ја надминале таа криза во 2003 година, но дека тогаш знаеле дека мора да се борат за своето семејство.
Дејвид раскажа дека секој ден доживувал „физичка мака“ додека тој и Викторија се бореле да го спасат својот брак.
Семејството Бекам присуствуваше на промоцијата на документарецот на „Нетфликс“ којшто се занимава со нивните животи од детството до денес, и каде што тие двајцата отворено говорат за своите тешки моменти.
На црвениот тепих се појавија Викторија и Дејвид, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерка им Харпер, но и снаата Никол Пелц, како и девојката на нивниот најмлад син, манекенката Миа Реган.
Парот првпат зборува за сочните детали затоа што сметаат дека повеќе немаат што да ѝ докажуваат на јавност, а и сакаат да бидат отворени и искрени.
-Тоа беше најтешкиот период за нас. Изгледаше како цел свет да е против нас“, изјавила Викторија.
-Еве во што е работата. Тогаш бевме еден против друг. До неговото заминување во Мадрид се чувствував како да сме едно, но кога беше во Шпанија не ми се чинеше дека се имаме еден со друг. И тоа беше тажно. Не можам да кажам колку ми беше тешко и како сето тоа влијаеше на мене“, додава таа.
Пред 23 години додека престојуваше во Шпанија, Дејвид наводно влегол во афера со Ребека Лос која ја разоткрија медиумите. Во тоа време Викторија остана во Велика Британија поради синовите Бруклин и Ромео кои одеа на училиште.
-Кога првпат се пресели во Шпанија беше многу тешко затоа што бев дел од едно семејство и еден клуб од 15 до 27 години. Ме продаваат „преку ноќ“, наредната минута бев во друг град, држава во која не го зборувам јазикот. Што е полошо, покрај мене не беше моето семејство. Секојпат кога ќе се разбудев се чувствував како нешто да недостасува. И двајцата во тој момент чувствувавме како да се губиме еден со друг“, раскажува Дејвид.
-Ми беше неверојатно тешко да ја видам Викторија толку повредена и не знам како се извлече од таа криза, но ние сме борци и одлучивме да се бориме еден за друг, а моравме да се бориме и за нашето семејство.
Во тоа време имаше денови кога одвај станував. Мислев: Како сега ќе станам и ќе одам на тренинг? Физички се чувствував болно секој ден. А, потоа Викторија одлучи да се досели во Мадрид каде купивме куќа, па во Шпанија го добивме и нашиот трет син Круз којшто сега има 18 години“, вели Дејвид.
Викторија вели дека во тоа време многу му била лута на својот сопруг.
-Дали му замерував на Дејвид? Искрено, да. Тоа беше најнесреќниот период во мојот живот“, вели Викторија и додава дека животот во Мадрид ѝ бил кошмар.