Во понеделникот вчерта без инциденти заврши осмиот од серијата постизборни протести на коалицијата „Србија против насилството“, која поради наводни изборни нерегуларности бара поништување на изборите одржани на 17-ти декемвр, а му претходеа блокади на патот кон Белград организирани од студентски активисти.
Како што тврди опозицијата неколку илјади луѓе се собраа вечерва пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), продолжувајќи ги протестите кои започнаа по изборите одржани на 17-ти декември, кои опозицијата ги сметаше првин за украдени во Белград, а откако следните денови по изборите поединцци од меѓународните набљудувачи оценија дека изборите биле „неправедни“ повикувајќи се на низа забелешки, сега се бара поништување на целиот изборен процес.
Минатиот понеделник дел од меѓународните набљудувачи објавија дека владејачката Српска напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ добила „неправедна“ предност преку наводна „медиумската пристрасност, несоодветното влијание на шефот на државата во официјалната кампања“, заедно со некои нерегуларности за време на изборниот ден, вклучително и за наводно купување гласови, за што досега сепак не се прижени никави докази.
Претходно во понеделникот група студентски активисти околу пладнето го блокираа влезот на Министерството за државна управа и локална самоуправа, барајќи да се провери избирачкиот список, во чијашто веродостојност се сомнева во левичарската коалиција „Србија против насилството“. Меѓутоа оваа коалиција пред изборите го прифати таквиот избирачки список, а нејзините и странските набљудувачи ги потпишаа записниците на крајот од изборниот ден без вложување приговори.
Студентите се заканија дека доколку не им се исполнат барањата, ќе блокираат два фреквентни меѓународни патни правца во Србија, без да прецизираат кои.
Демонстранти во поворки и изминатата вечер дојдоа до главната белградска полициска станица, откако полицијата во текот на денот соопшти дека по протестот на опозицијата во неделата вечерта, кога група демонстранти се обиде насилно да влезе во седиштето на градската власт во Белград се приведени 38 лица. Полицијата потоа го растури собирот и соопшти дека во судирите се повредени осум полицајци, од кои двајца потешко и се хоспитализиран.
Демонстрантите во неделата ги искршија влезните врати и прозорците на Собранието на Белград каде што уфрлија притоехника, што полицијата го оцени како обид за подметнување пожар, а силните полициски сили интервенираа со солзавец и акција на потискување на демонстрантите кои беа разбиени нешто пред полноќ.
Опозицијата ја обвинува власта дека наводно меѓу демонстрантите уфрлила хулигани кои предизвикале насилство, а потоа и брутална полициска акција.
Вечерашниот протест помина без посериозни инциденти, освен нападот на репортерот на рагионалната телеввиија N1 којашто во текот на кампањата ја поддржуваше српската опозиција а постојано критички известува за власта на СНС, Младен Саватовиќ, кој бил вербално и физички вознемирен од денонстрант додека директно учествувал во програмата.
Нападот врз новинарот бил пријавен во полиција, а програмскиот директор на N1, Игор Божиќ, потврди дека во вторникот ќе се води постапка за случајот.
За утре во 18 часот е најавен нов протест пред седиштето на државната изборна комисија.
Покрај протестот, неколку дена трае и прогласениот штрајк со глад на една од носителите на изборната листа „Србија против насилство“, Мариника Тепиќ, на која се приклучија и неколку нејзини колеги од опозицијата. Тепиќ реши да штрајкува барајќи поништување на изборите, на синоќешниот митинг им се обрати на демонстрантите, но не вечерва обрезложувајќи го потегот со наводна истоштеност. Таа од петокот е наводно на инфузии, а во понеделникот вечерта само им одмавнала на демонстрантите од зградата на РИК каде штрајкува.
Српските власти негираат нерегуларности, прогласувајќи ги изборите за „најмирни досега“. Во понеделникот соопштија дека станува збор за планирани безредија со цел насилно уривање на власта и втурнување на Србија во хаос, во што биле инволиврани и странски тајни служби.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата ги отфрли жалбите и обвинувањата дека изборите на 17-ти декември биле нерегуларни и украдени, нарекувајќи ја опозицијата „лажговци“. Тој најави конституирање на парламентот до крајот на јануари, а новата влада во февруари, но не ја исклучи можноста да се повторат изборите во Белград.
Српската напредна партија (СНС), според податоците на државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори на 17 декември освоила 46,72 отсто од гласовите, со победа од три процентни поени во Белград, каде опозицијата смета дека победила, но дека е украдени од бројни злоупотреби.
Коалицијата „Србија против насилството“ беше втора на изборите со 23,56 отсто од гласовите на ниво на целата земја, односно речиси милион главои помалку, а трета е Социјалистичката партија на Србија (СПС) со 6,56 отсто.