Во дербито од 13-то коло од англиската Премиер лига, Ливерпул и Челзи во саботата на „Енфилд“ одиграа 1:1, Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ тешко минимално го совлада новакот во лијата Врајтон енд Хоув Албион со 1:0, а Тотенхем извлече реми против ВБА со 1:1.
Ливерпул поведе во 65 минута со погодокот на Мохамед Салаг, кој е водечки стрелец во лигата со десет голови. Ремито на Челзи му го донесе Бразилецот Вилиан кој по неполни две минути минати на теренот со прекрасен лоб во 85 минута погоди за 1:1.
Манчестер Јунајтед на својот тревник одвај го доби дебитантот во најсилната англиска лига Брајтон енд Хоув Албион и тоа со голот на Луси Данк во 66 минута.
Не се прослави ниту Тотенхем, бидејќи против Вест Бромвич Албион, кој е блиску зоната за излегување од лигата, извлече само реми. На почетокот од седмицата ВБА го замени тренерот Тонуи Пулис, а екипата ја води привремено неговиот помошник Гери Мегсон. Веќе во првиот меч „шок терапијата“ даде резултат. ВБА поведе со голот на Саломон Рондон во 4 минута, а изедначувањето на Тотенхем му го донесе Хари Кејн во 74 минута. За Кејн ова е деветтиот гол сезонава во домашното првенство.
Кристал Палас со 2:1 го совлада Стоук Сити кој поведе во 53 минута преку Џердан Шакири. Но домашните веќе по три минути изедначија со голот на Рубен Лофтус-Чик, а победата им ја донесе Мамаду Сако во втората минута од судиското продолжение.
Њукасл Јунајтед дома беше потопен од Ватфорд со 0:3. Стрелци беа Вил Хјуџис во 19, Деандер Једлин постигна автогол во првата минута од судиското продолжение, и Андре Греј во 62 минута.
Свонси Сити и Борнмут одиграа без голови.
Во петокот вечерта Вест Хем дома против Лестер одигра 1:1. Гостите во водство ги доведе Олбрајтон во 8 минута, а за конечниот резултат се погрижи Кујате во 45 минута.