Без победник во лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем

Во дербито од второто коло на англиското фудбалско првенство меѓу Челзи и Тотенхем заврши без победник 2:2 (1:0).

Домашните двапати беа во водство со 1:0 преку Калиду Кулибали во 19 минута, и со 2:1 преку Рис Џејмс во 77 минута, но гостите иако надиграни успеваа да израмнат, во 68 минута со голот на Пјер-Емил Хејберг и преку капитенот Хари Кејн во шестата минута од судиското продолжението на мечот.

Предноста на Челзи ја обезбеди Кулибали со одличен волеј по нафрлувањето на Кукурела од корнер, домашните потоа пропуштија неколку шанси за зголемување на водството и за тоа беа казнети кога Хојберг кон средината на вториот дел кога со удар од 20-ина метри го погоди самиот долен десен агол од противничкиот гол. Новото водство на Челзи му го донесе Џејмс во 77 мината откако по левата страна продре и асистираше Рахим Стерлинг, но во шестата и последна минута од продолжението Иван Перишиќ изведе корнер кој Кејн со глава го претвори во израмнување.

И Челзи и Тотенхем сега имаат по четири бодови. Во водство се Манчестер Сити и Арсенал со по максималните шест бодови.

Претходно во неделата играчите на Нотингем Форест во својот прв натпревар на домашен терен во Премиер лига по 23 години го совладаа со 1:0 Вест Хем Јунајтед. Единствениот погодок на натпреварот го постигна во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме Таиво Авонији.

Гостите од Лондон не реализираа низа шанси во текот на натпреварот, а најголемата ја пропушти капитенот Рајс кој не искористи пенал во 65 минута.

Ова се првите три бода за Нотингем Форест во новата сезона, додека Вест Хем Јунајтед и натаму е без бодови.