Фудбалерите на Баерн Минхен, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг впишаа победи во средата во дуелите од 12-то коло на германската Бундеслига, па редоследот на врвот на табелата остана непроменет, а некогаш славниот Шалке ја продолжи долгата низа без победа во првенството.
Баер Леверкузен дури со 4:0 славеше на гости кај Келн. Со головите на Мичел Вејсер во 8 и Муса Диаби во 10 минута „Аптекарите“ дојдоа до рано водство од 2:0, а тоа го повторија и на почетокот од вториот дел кога пецизни беа Патрик Шик во 54 и Флориен Вирц во 59 минута.
Баер Леверкузен сега е осамен на врвот со 28 бодови, бод повеќе од тимовите кои го следат, додека Келн со 10 бодови остана на 15-то место, првото над зоната на испаѓање,
Актуелниот шампион минхенски Баерн се намачи со Волфсбург и на крајот со пресврт славепше со 2:1. Волфсбург поведе веќе во 5 минута преку Максимилијан Филип, а Баварците изрманија прво во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме со првиот погодок вечерва на Роберт Левандовски кој беше стрелец и за голот за пресврт во 50 минута.
Баерн со 27 бодиви е втор на табелата, а Волфсбург остана на 21 бод и на петтото место, последното за директен пласман во Лига Европа.
РБ Лајпциг со голот на норвешкиот интернационалец Јусеф Поулсен во 60 минута со 1:0 го доби тешкото готување кај Хофенхајм. РБ Лајпциг со 27 бодови е на третото место, а Хофенхајм со 12 бодови моментално е на 13-то место на табелата.
Гостинска победа со истиот резултат кај Арминија оствари и Аугсбург, за кој стрелец беше Џефри Гоувелиув во 85 минута. Аугсбург со 16 бодови се искачи на 9-то место, додека Арминија остана на седум бодови и на 16-то место, кое води во доигрување за опстанок.
Некогаш славниот германски фудбалски клуб Шалке 04 остана без победа и во 28-от првенствен натпревар со ред, откако во ова коло беше поразен дома во Гелзенкирхен од Фрајбург со 0:2. Двата гола за гостите ги постигна Ингарецот Роланд Салаи во 50 и 68 минута.
Шалке во последните пет натпревари освои само еден бод и е последен 18-ти со четири бодови, а Фрајбург сега е 10-ти со 14 бодови.
Шалке 04 ја остварил последната победа на 17-ти јанури во минатиот шампионат. Доколку не победи во следните три натпревара, Шалке ќе се израмни со рекордот на Бундеслигата кој го држи клубот Тасманија 1900 Берлин кој е згаснат во 1973 година. Неговата екипа според официјалните податоци на Бундеслигата во својата единствена сезона 1965/1966 година освоила само 10 бодови, со гол разлика минус 93, врзувајќи дури 31 натпревар без победа.