Без струја дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Максут Садик“, „Стојко Јовановски“, „Џон Кенеди“ и „Пере Тошев“, додека од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Серава“, во  Општина Чаир.

Како што соопштија од ЕВН Македонија АД, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Леринска“, како и корисниците од улиците „Ловќенска“ и „Стрезовска“, поточно објектите лоцирани околу германската Амбасада, во Општина Карпош.

Во периодот од 10.00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „1515“ во населба Пинтија лоцирани над училиштето, во Општина Кисела Вода.