Без струја делови од Гази Баба и Сарај поради планирани зафати

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Гази Баба и Сарај.

Без напојување со електрична енергија во период од 08:30 – 09:30 часот ќе останата корисниците од улицата „ Лазар Поптрајков“ зграда бр. 25 во општина Гази Баба.

како што информираат од РЦУК, во период од 08:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.