Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати денеска без електрична енергија ќе останат објектите во околината на Фабриката Комуна во Општина Гази Баба, корисниците од дел од ТЦ Лептокарија, поточно локалите во околината на продажниот салон на Македонски Телеком во Општина Карпош и дел од корисниците во Општина Ѓорче Петров.
Без струја од 07:45 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. „Вера Радосављевиќ“, поточно објектите во околината на Фабриката Комуна, Општина Гази Баба.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ТЦ Лептокарија, поточно локалите во околината на продажниот салон на Македонски Телеком, Општина Карпош, додека од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Александар Мартулков“ во Општина Ѓорче Петров.