Без струја делови од Општина Гази Баба

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска прекин во електричната енергија ќе имаат делови од Општина Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат селата Страчинци, Виниче, Булачани и дел од Црешево.