„Без трошка самокритика“, украинскиот амбасадор ја критикува Меркел

Andrij Melnyk als Gast im Berliner

Контроверзниот украински амбасадор во Германија, Андриј Мелник, остро ја критикуваше во средата поранешната германска канцеларка Ангела Меркел којашто претходно во својата прва јавна изјава по заминувањето од должноста ја објаснуваше својата политика кон Русија во текот на 16-те години на власт.

„За жал, немаше ниту ронка самокритика… Загрижувачки се коментарите на поранешната канцеларка за непогрешливоста на нејзиниот став кон Русија и премногу попустливиот третман на диктаторот“, изјави Мелник за германската новинска агенција DPA.

Меркел го бранеше својот став кон Русија темелен на подолга германска традиција во разговорот со новинарот Александер Осанг во берлински театар во вторникот вечерта.

Мелник запарува како Русија можела „да ја започне најкрвавата војна во Европа од 1945 година“, доколку политиката на Германија кон Москва последните години била толку „сјајна“…. На Путин му се додворувале, а Берлин „секогаш му беше домаќин на шефот на Кремљ“, додал Мелник.

„Последните изјави на Ангела Меркел се за жалење. Бидејќи без искрено, сеопфатно преиспитување на германската политика кон Русија не е можно да се повлече права на заклучоци во врска на идниот однос со Москва и запирањето на нивната агресија“, додава украинскиот амбасадор.

Мелник рекол и дека Украинците се убедени дека германскиот став за украинското членство во НАТО и изгледите за ѝ се придружи на Европската унија, долгогодишното одбивање Украина да ја снабди со оружје откако во 2014 година црноморскиот полуостров Крим на референдуми одлучи по превратот во Киев да ѝ се придружи на Руската Федерација, што Западот го смета за незаконско руско анектирање на украинска територија и „безобразното туркање“ на гасоводот Северен тек 2 сѐ додека не започна војната го „охрабрија Путин да ја нападен Украина“.

Украинскиот амбасадор во Берлин, инаку, од порано е познат по своите недипломатски испади. Постојано ултимативно и со навреди инсистираше Германија да му обезбеди офанзивно оружје на Киев, тврдеше дека Европската унија не продолжила со идејата за ембарго на руските енергенси и велеше дека сите Руси за него се непријатели, а во април германскиот канцлар Олаф Шолц го нарече „навреден колбас“. Германските медиуми честопати реагираа на изјавите на Мелник, обвинувајќи го за некомпетентост за дипломатската должност.