Без вода дел од корисниците од Студеничани

Поради дефект на приклучна цевка на улица „2“ бб, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците на дел од Студеничани.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со санација на дефектот.