Поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на улица „Иван Хаџиниколов“ крак 21 број 45 во населба Драчево од ноќеска 40 минути по полноќ, без вода се корисниците од посочениот крак на оваа улица.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, отстранувањето на дефектот ќе почне во 9.00, поради што корисниците од крак 12 на улицата „Иван Хаџиниколов“ ќе бидат без водоснабдување до завршување со активностите.