Без вода ќе бидат објекти на Плоштадот

Поради дефект на потисната цевка со профил ф-150 милиметри предизвикан од страна на фирмата Трансмет на Плоштад Македонија пред зградата на Т-мобиле, без водоснабдување се дискотеката BE 2, T-мобиле и угостителските објекти на Кејот се до хотелот Холидеј од 01:30 часот изутринава.

Дефектот ќе биде саниран на ден 01.10.2014 година.

Поради вршење на електричарски работи во Препумната станица Бутел, можно е да има прекин на водоснабдување во периодот од 08:00 до 11:00 часот во деловите на населбите Бутел и Шуто Оризари.