
Без вода денеска ќе бидат повеќе улиците „Петре Филиповски – Гарката“, „Франц Лист“, „Валандовска“ и дел од „Благоја Стефковски“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето, како што соопштуваат од претпријатието, е поради уличен дефект ф-100мм на улицата „Петре Филиповски – Гарката“ број 4 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.