Без вода утре ќе остане дел од булеварот „Свети Климент Охридски“, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
– Поради дефект на водоводна шахта на булеварот „Свети Климент Охридски“ 15, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на овој булевар, се наведува во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување на дефектот.