
Без вода утре од 08 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од крак број 1 до крак број 11 и булеварот „Борис Трајковски“ од крак број 4 до крак број 12, во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување појавен дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата „Христо Татарчев“ бб.