Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од кулите во Расадник во населбата Кисела Вода.
Како што информира РЦУК на Град Скопје по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 150 мм на улица Христо Татарчев бр.47/3, утре во периодот од 8 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од кулите во Расадник, во населба Кисела Вода.