Без вода зградите во околината на Соборниот храм

Поради дефект на затворач ф-200мм, без вода денеска ќе бидат корисниците од бул. ВМРО блок 12 и дел од бул. Партизански одреди (зградите во близина на Соборен храм).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санација на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.