Според информациите од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ поради изведување на водоводни приклучоци профил ф-100 милиметри и ф 1 цол без водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од улиците Бора Тодоровиќ, 518 и 519 и тоа од 11 часот па се до завршување на приклучоците.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека денеска од 9.30 часот има прекин во водоснабдувањето поради дефект на шибер затварач профил ф-80 милиметри на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, и тоа на потегот од булеварот св.Климент Охридски до Католичка црква, корисниците од улиците Шумадинска, Киро Крстевски, Платник и Коле Неделковски.
Вода ќе нема се додека не се реши дефектот на кој во моментов работет екипите на претпријатието.