Без вода жителите на населбата Лисиче

Од Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради промена на вентили и водомери во шахта, без вода ќе бидат жителите на дел од населбата Лисиче.

Ве известуваме дека на ден 6 февруари поради промена на вентили и водомери во шахта, на ул.Жорж Бизе, 12та Македонска Бригада, Илија Димовски, Митре Влаот и некои помали улички, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче од 10.30 до 12.30 часот“,соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010