Без знаци на живот скопјанец донесен во Поликлиника „Јане Сандански“

Седумдесетгодишниот Р.Д. од Скопје со Итна медицинска помош бил донесен вчера на пунктот во Поликлиника „Јане Сандански“ без знаци на живот, информира МВР.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.