Бездомничка малтретирала штитеник од прифатниот центар „Чичино Село“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46), бездомно лице сместено во Прифатниот центар „Чичино Село“, заради сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Пријавената, искористувајќи ја менталната состојба на 39-годишен штитеник од Прифатниот центар, од март до септември 2014 година, истиот го заклучувала во соба со катанец, а на прозорците заковала решетки за да не избега.

Исто така, оштетениот бил физички и психички малтретиран и принудуван да питачи по улиците во Скопје, а паричните средства собрани од питачењето и ги давал на пријавената.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавената и е одредена мерка притвор во траење од осум дена.