![mrtovec 02](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/mrtovec-02.jpg?resize=696%2C416&ssl=1)
Не е утврден идентитетот на починатото лице чие тело во во четвртокот вечерта половина час неподвижно лежеше на столчињата на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, објави во петокот Министерството за внатрешни работ.
Настанот во СВР Скопје бил пријавен околи 20.30 часот, а пријавителот рекол дека дека во чекалницата од станица имало починато машко лице. Станува збор за бездомник со неутврден идентитет, додаваат од МВР
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Капела Бутел.