Безгрижно може да го излижете капакот од чашката јогурт

Некои метали во мали количества се здрави за организмот. Железото, на пример, треба да се внесува во организмот на редовна основа, но другите метали треба да се избегнуваат и затоа некои луѓе сметаат дека е штетно да се излиже капакот од чашката со јогурт, но дали тоа е точно

Накусо – не. Доколку го излижете капачето не значи дека ќе го консумирате и алуминиумот. Подобро е притоа да се внимава на јазикот, бидејќи може да се исечен на остриот раб од металната фолија со којашто вообичаено се затворени чашките со јогурт.

Според Германскиот сојузен институт за процени на ризиците, алуминиумот претставува најголем ризик кога кородира во контакт со киселини или соли. А лимонската киселина или обичната сол, на пример, може да се најдат во јогуртите.

„Токму затоа пакувањата се обложени однатре“, објаснуваат од споменатиот германски институт.

Овој заштитен слој спречува алуминиумот да дојде во допир со јогуртот, што значи дека може да го излижете капакот без никакви здравствени последици.

Меѓутоа, алуминиумот може да биде опасен по други основи. Станува збор за најчестиот метал во земјината кора и може да се најде во многу работи,

Не би требало да се проголта повеќе од еден милиграм алуминиум по килограм телесна тежина седмично. Доколку се храните вообичаено, тој лимит нема да го надминете.

Но треба да се биде внимателен кога користите алуминиумска фолија или алуминиумски садови за еднократна употреба. Доколку кисела или солена храна дојде во контакт со нив, големо количество алуминиум може да се пренесе на храната.

Поради тоа, во алуминиумска фолија не треба да се завиткува ништо што во себе содржи киселини или соли, како што се исечени јаболка, домати и сирење, како ниту маринирано месо.