Безобѕирно насилната нервоза на Заев формулирано самоубиство за брзи избори

Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски за одржување на предвремените парламентарни избори го продлабочи ровот меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев се залага за избори во јуни, а Христијан Мицкоски за крајот на летото, август/септември, и засега нема отстапки. Нормално, се е во името на граѓаните и за нивно добро, односно здрваје.

Нервозна ситуација и термини за пресметки и добивки.

Му се брза на лидерот на СДСМ и тоа, иако се труди да го сокрие, го прави нервозен, како во случајот на денешната прес-конференција, дури и насилнички. Вака или онака избори на 21 јуни. Безобѕирност.

Иако сите лидери се за избори колку е можно побргу, сепак тие имаат едно АМА. Заев не го сака тоа „ама“ во вистинската конотација, дека епидемијата не е стиванта и дека се уште имаме висиок процент на новозабелни луѓе од Ковид-19. Не е веројатно дека некоја катана од небото ќе севне и ќе го пресече коронавирусот во сржта и така да исчезне од Македонија за да има избори според желбата на Заев. Демек, во септември ќе настапел повторно и ќе имало поголемо движење поради градинките и училиштата. Навидум, кажано како да ги убеди луѓето дека сега е подобро, во меѓуредови не излегувајте – „нашите“ ќа заврашат работа и за вас, меѓународната заедница ќе замижи уште еднаш, бидејќи си го даде газот под наем, па сега не турка во рашамонијадата на обезличување и самопонижување пред они за кои бевме „Американци“.

Стручните лица велеа „тестирјате, тесирајте и само тестирајте“, но власта се паравеше неуредна и не шишаше никого. Дури ја сокрија директорката која со Ковид-19 се штеташе секаде и успеа да исфрли од строј 200 лекари во време на замавот на пандемијата, што е шок и за многу посилни и организирани држави. A, некои и се заразија.

Затоа сето ова ни се удира од глава и имаме развлекување на пандемијата, која никој не ја посакува и на никого нему одговара. На крајот на краиштата, ако не знаеш, гледај што прават другите. Немаше да биде лошо да го следеа примерот на Словенија.

Затоа Заев манифестира исклучителна нервоза и сака брзи избори, дури и е осамен во својата намера. Неговата сметка е јасна – поради коронавирусот народот подзаборви на економските неуспеси на оваа Влада, па, за да биде претставата поуспешна, се нудат разно-разни мерки за помош на граѓаните и комопаниите од последиците на коронакризата. Башка што и со мерките задоцни. Ги советуваа (и него и Спасовски, како технички премиер), но не фаќаа ука. Евентуалните жртви ќе бидат колатерална штета и ќе се препишат како остатоци на првичниот замав на Ковид-19.

Со овие добродушно кажани работи всушност испливаа големи недостатоци и неспособност во владеењето.

Навистина не е познато какво ќе биде расположението на народот за излегување на избори. Сепак, народот помлаку се плаши од Заев, бидјеќи тој калкулира и го турка гласачкото тело на голем ризик – изборно самоубиство. Токму тој изборен ризик и ќе го казни, надевајќи се дека и минимален пораз ќе биде голем како победа, пред се од лични причини, не за доброто на партијата и на сограѓаните.

Нормално дека и ВМРО-ДПМНЕ калкулира, но калкулациите за засновани на ефектите од актуелната коронакриза, и за разлика од кога и да било во независна Макединија, за прв пат една опзициска партија беше конкретна и излегуваше со предлози што да се прави за подобро спарвување со кризата и намалување на ефектите врз економијата, наместо само да критикува, како што беше практиката досега на двете водечки партии. За доброто на граѓаните, ваквата парктика нека продолжи и во иднина, без разлика кој е на власт а кој е во опозиција, затоа што така ќе се види капацитетот и на партијата и на поединците што ја водат, а определбата на гласачот ќе биде померодавна.

Конкретноста, понудата и одлучноста, па и снаоѓањето во кризни моменти, имајќи ја во предвид големата светска криза од 2009 година кога нашата земја без поголеми потреси ја надмина, се предностите кои му грантираат успех на ВМРО-ДПМНЕ на парламенатрните предвремни избори, кога и да се одржат.

Од друга страна, Заев се соочува со внатрепартиско разидување во врска со организарањето на изборите. Така, неговиот советник Бетиќи рече дека кон крајот на август и септември кризата ќе има најмало влијание за здравјето на граѓаните. Додека критиките во однос на економските мерки/потези се многу поголеми, а министерката за финансии не знае што да прави со силните ветувања. Нивниот аргумент за неработење на Собранието и Влада со вистински кредбилитет не се толку убедливи. Да потсетиме само на Белгија колку години немаше влада. Такви ситуации имаше и во други земји.

Препорачливо е да се зборува за коронавирусот, не за економијата, бидејќи во непогода, здравствена криза и слично, народот се сплотува околу спасот на семејствата и дава поддршка на државата за справување со кризите, а проблемите со економијата ги става во втор план.

Според некои ПР препораки, актуелната власт во медиумите каде што има влијание, турка теми од минатото и коронакризата, како и мерките што се преземаат за неа, за да се избега од директни соочувања и разговор за егзенстицијалните проблеми.

Старвот од себе е најголемата препрека за рационално решение!